Птица остави делови од Битола без струја, велат од МЕПСО

од Nikola Popovski
208 прегледи

Денеска во раните утрински часови дојде до испад во ТС Битола 2 инициран од птица која прелетала во делот на 110 kV собирница при што дошло до прескок со еден од порталите на истата собирница, информираа од АД „МЕПСО“ за причините за прекинот со електрична енергија во Битола.

Испадот предизвикал прекин во напојувањето со електрична енергија во траење од половина час, но со навремена реакција на вработените во Подружницата ОПМ ( вработените во Одделот ТС, Одделот ТКОИ, Одделот Релејна заштита и Одделот ДВ) се било вработено во првобитната состојба, а снабдувањето со електрична енергија било нормализирано и се одвива непречено.

-Штетите врз опремата од денешниот испад се незначителни, поради фактот што АД МЕПСО – Скопје располага со кадар кој е еден од најдобрите во регионот и ваквите брзи и навремени интервенции се дел од нашата секојдневна работа. Случаи од ваков тип, птица да предизвика испад во напојувањето, се исклучително ретки но за жал не и невозможни, посочуваат од „МЕПСО“.

Слични содржини