Новите мерки во Предлог-законот за енергетика предвидуваат целосна заштита на ранливите граѓани со пониски цени, државни субвенции и забрана за исклучување од електрична енергија. Идентификувани се над 50.000 домаќинства кои имаат право на поддршка, а министерството работи на методологија за прецизна детекција на ранливи потрошувачи.
Согласно законот, домаќинствата ќе добијат паметни броила за далечинско отчитување во следните седум години, што ќе ги олесни сметките. МЕПСО ќе остане во целосна државна сопственост, а граѓаните ќе можат да произведуваат и продаваат струја преку локални енергетски заедници.
Дополнително, се воведува нова регулација за складирање на енергија, што ќе овозможи користење на соларна енергија и ноќе. Законот ќе либерализира пазарот, ќе отвори простор за нови инвестиции и ќе создаде посигурен енергетски систем.