Кинезите веќе доминираат со електричните возила на кинескиот пазар, Европа во иднина ќе мора да гледа во Кина како партнер, но и како конкурент. Јас лично, а и стратегијата на нашата групација „Гранд Аутомотив“, силно верува дека кинеските производители т.е. брендови на возила се веќе сериозен потенцијален конкурент на сите европски производители, вели во интервју за „Локално“ генералниот директор на „Гранд Ауто Скопје“, Дритон Заири.
Во однос на заинтересираноста на македонските купувачи за кинески модели, Заири вели дека таа расте секој ден повеќе, а и продажбата на MG моделите MG ZS , MG HS , MG4 Electric и MG5 Electric . Што се однесува до CHERY, официјалната продажба започнува на 9 Октомври 2023 година.
Европските автомобилски производители веќе се во паника од да ја наречем инвазијата на кинеските електрични модели, дури и самата ЕУ почнува да воведува нови давачки за кинезите со цел да ги заштити. Од ваше искуство, дали „кинезите“ навистина можат да станат сериозен конкурент на Мерцедес, БМВ или Фолксваген во Европа?
– Кина не е само најголемиот пазар за автомобили на светот но и клучен пазар за европската автомобилска индустрија , кој дури може да постане еден од најкритичните пазари во глобалната автомобилска индустрија во иднина. Кога ќе размислиме на производството Кина е земја најразвиена во нigh-тech технологијата , способни да имаат пониски производствени трошоци ( мега/гига фабрики комбинирани со природни ресурси и суровини а со самото тоа и самата држава врши голем притисок на сите домашни производители за извоз во ЕУ. Исто така пратејќи ги светските трендови на пазарите во 2022.година, Европа забележа значителен пад додека продажбата во Кина продолжи да расте позитивно.
Исто така треба да напоменам дека Европските производители освен бројките (пазарниот удел) кој опаѓа истотака кои до скоро црпеа повеќе од една третина од своите профити во Кина, сега сериозно го чувствуваат тоа многу повеќе . Имајќи во предвид дека со децении европските производители имаа заедничко вложување со локалните кинески производители кои исцрпеа многу од европското производно знаење и искуство па со самото тоа што претходно го споменав дека Кинезите веќе доминираат со електричните возила на кинескиот пазар, Европа во иднина ќе мора да гледа во Кина како партнер, но и како конкурент. Јас лично, а и стратегијата на нашата групација „Гранд Аутомотив“, силно верува дека кинеските производители т.е. брендови на возила се веќе сериозен потенцијален конкурент на сите европски производители.
Колку новите правила на ЕУ за субвенции од трети земји кои ја нарушуваат конкуренцијата може да станат сериозен проблем за кинеските производители на електрични автомобили?
-Доволно е да ви кажам дека Кина доминира во индустријата за електрични автомобили, со три четвртини од глобалното производство на литиум-јонски батерии. Најголем дел од рафинирањето на литиум, кобалт и графит се одвива во Кина ( 90% Lithium Refining , 71% Lithium Batteries – China , Graphite anode 90% China) , па со самите бројки би се запрашал дали би поставувал нови правила, а од друг агол гледано цела ЕУ се стреми кон намалување на CO2 емисии и зголемување на продажба на електрични возила! А истотака мислам, и сум скоро па сигурен, дека Кинезите го имаат размислено тој момент и се спремни и за најсериозни промени т.е. инвестирање во мега/гига фабрики во ЕУ.
Освен цената, дали и самата технологија во автомобилите е подобра од дел од европските производители, пред се на батеријата?
-Па искрено со сите дејствиа што ги пратам а истотака и преходно кажав освен цената , кинеските производители се далеку понапредни и во технологија а и во производство на батерии оти ЕУ производителите зависат од истото тоа производство на батерии.
Каква е заинтересираноста за моделите кои доаѓаат од Кина во Македонија? Имате ли информации кои се најпродавани модели?
-Гранд Ауто Скопје е веќе официјален увозник на два веќе многу познати Кинески брендови MG и CHERY , од кои едниот т.е. MG е во последниве 2 години е најбрзо растечки бренд во Европа а CHERY е во голем залет да го фати истиот тренд . Како и глобално така и во Македонија заинтересираноста расте секој ден повеќе а и продажбата на MG моделите MG ZS , MG HS , MG4 Electric и MG5 Electric . CHERY официјалната продажба започнува 9 Октомври 2023 за неколку дена.
Што најмногу ги интересира македонските возачи кога се заинтересирани за купување на бренд како MG, CHERY…?
-Секако квалитетот и грижата за клиентите се фактори кои доведуваат за одлука за купување , а за среќа во Гранд Ауто Скопје ги поседуваме двата . Квалитетот на изработка е врвен кај двата бренда поготово завршната обработка , безбедноста (MG ZS веќе има 5 Sвезди на ЕуроНКап ) 7 години гаранција , 7 Години помош на пат , сите возила се достапни како демо возила за тест возење и достапен лагер , резервни делови на залиха и нивна брза испорака .
Треба ли може да се подобри инфраструктурата во земјава за е-возилата, конкретно за повеќе полначи и подостапни полначи?
– Инфраструктурата, за жал, се уште ни е далеку од добра па мислам дека треба многу да се инвестира, но исто така треба да се размислува од страна на нашите власти да се донесат даночни олеснувања исклучиво само за електричните возила а со самото тоа ќе ги исполнат еколошките ветувања и ќе го подобрат живеењето т.е. квалитетот на воздухот кој знаеме дека сега поготово во наредниов период што следи ќе биде сериозен проблем. Регионално Албанија е лидер а и најдобар пример за автомобилската електрификација – такси возила, рента кар возила, а и приватни сопственици наголемо купуваат бидејќи имаат големи даночни олеснувања за ЕВ.
Уделот од година на година се зголемува, но кога очекувате целосна доминација на е-возилата во Европа? Дали до крајот на деценијава, какви што се и плановите на ЕУ, ќе гледаме повеќе автомобили на струја отколку на бензин или дизел?
– Целосна доминација лично не очекувам во наредни 10 години , но дека уделот наголемо ќе расте сериозно тоа верувам. Планот и проектот на ЕУ е е да се намалуваат загадувачите максимално па имајки во предвид дека возилата на бензин и дизел сочинуваат само 2% од сите светски загадувачи на воздух логиката ми дава да кажам дека сепак традиционалните мотори со внатрешно согорување ќе си продолжат да се возат глобално.
В.З.