238
На 06.10.2023 полициски службеници од Одделението за крвни и сексуални деликти, Единицата за насилен криминал при СВР Скопје го приведоа И.П. (81) од Скопје поради основано сомнение дека на 21.09.2023 околу 12.45 часот во скопската општина Кисела Вода во својот дом допирал малолетничка по интимните делови од телото, соопшти МВР.
Од страна на ЕНК при СВР Скопје до ОЈО Скопје поднесена е кривична пријава по брза постапка за кривично дело „силување на дете кое не наполнило 15 години”, предвидено и казниво по член 188 став 5 од КЗ.
И.П. е изведен пред Судија на претходна постапка и одредена му е мерка куќен притвор во траење од 30 дена.