Најмалку 14 лица загинаа во силниот земјотрес во Авганистан

од Stefanija Kuzmanovska
186 прегледи

Во силниот земјотрес што денеска го погоди западниот дел на Авганистан загинаа најмалку 14 луѓе, а 78 се повредени.

Првиот земјотрес беше со интензитет од 6,2 степени, додека вториот бил 5,5 степени според Рихтеровата скала.

Земјотресот бил на 48 километри северозападно од градот Херат, а епицентарот бил во близина на градот Кара Баг.

Најмалку илјада луѓе загинаа во минатогодишниот земјотрес што го погоди Авганистан.

Слични содржини