Изминуваат две години од мандатот на ДПМНЕ во Скопје, заедничка локална власт со градоначалничката за којашто бараа доверба од граѓаните. На половина од мандатот, ниту едно од ветувањата дадени пред скопјани не се реализирани. На половина мандат, на Скопје му се случува нова катастрофа поради неспособната локална власт на ДПМНЕ, изјави денеска координаторка на советничката група на СДСМ во Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева.
„Најголемо ветување на изборите беше ветувањето за ЦЕЛОСНО БЕСПЛАТЕН јавен градски превоз.
По 2 години, бесплатен јавен градски превоз во Скопје ветен од ДПМНЕ нема!
Не е реализирано ниту ветувањето за 250 нови автобуси.
Проектот за еколошки, брз транспорт БТР, е стопиран.
Не само што нема бесплатен превоз, туку градскиот сообраќај и јавниот транспорт се во постојан хаос, а ЈСП пред колапс.
На приватните превозницо повторно, со месеци им се доцни исплатата. А за средношколците дотациите, за бесплатен јавен превоз се 100% исплатени.
Поради неспособноста на ДПМНЕ и Арсовска страдаат граѓаните на Скопје.
Нема редовни автобуси, граѓаните, студените, учениците чекаат премногу долго и доцнат.
ДПМНЕ и Арсовска не можат еден градски превоз да менаџираат, а не, пак, нешто повеќе.
На повидок е ново стопирање на јавниот превоз. Наместо лажни изговори, ДПМНЕ и Арсовска треба да најдат решение за проблемите во ЈСП што тие ги создадоа. А директорот треба да понесе одговорност.
СДСМ ќе продолжи да биде гласот на скопјани и коректив на погрешните политики на ДПМНЕ кои на Скопје му предизвикуваат нова катасатрофа“, наведе Јанчева.