Најмалку 320 лица загинаа во силните земјотреси што денес го погодија северозападен Авганистан, соопштија Обединетите нации.
Два земјотреса со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала погодија област на 25 милји северозападно од градот Херат, а беа проследени со четири големи последователни потреси, објави Геолошкиот институт на САД.
Толпи луѓе избегаа од зградите по првиот земјотрес што се случи околу 11 часот по локално време.
Предвиден е „значаен“ можен број на смртни случаи, наведе АФП.
„Веројатно ќе има значителен број на жртви, а катастрофата е потенцијално широко распространета. Настаните во минатото со ова ниво на тревога бараа одговор на регионално или национално ниво“, додава АФП.
Неколку последователни потреси со јачина од 5,5, 4,7, 6,3 и 5,9 ја погодија земјата по првиот земјотрес. Ова доаѓа неколку дена по земјотресот со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала што го погоди Фајзабад во Авганистан на 3 октомври.
Нерамниот терен на Авганистан е подложен на сеизмичка активност поради судирот на индиската тектонска плоча со евроазиската плоча на север, што доведува до земјотреси.
Над 200 луѓе во Авганистан и соседниот северен Пакистан загинаа во 2015 година кога разорен земјотрес го погоди североисточниот дел на Авганистан.