Израелските воздухопловни сили нападнаа две џамии во Појасот Газа, кои, според израелската армија, биле користени од силите на Хамас како инфраструктура за извршување терористички активности, соопшти синоќа прес-службата на израелските одбранбени сили (ИДФ).
„Силите на ИДФ нападнаа два воени инфраструктурни објекти лоцирани во џамии во Појасот Газа, кои терористичката организација Хамас ги користеше за напади врз Израел…Хамас продолжува со своите терористички активности внатре во Појасот Газа, искористувајќи верски објекти и намерно поставувајќи го својот воен имот во близина на цивилното население“, се вели во соопштението.
Бројот на Израелци убиени во саботата во нападите на Хамас врз Израел се искачи на повеќе од 300, додека повеќе од 1.500 се повредени, јавуваат израелските медиуми.