Хамас потврди дека имал директна поддршка од Иран за нападот врз Израел

од Vladimir Zorba
227 прегледи

Милитантната група Хамас денеска потврди дека имал директна поддршка од Иран за нападот врз Израел.

Ова го изјави портпаролот на Хамас, Гази Хамад за Би-Би-Си.

Во нападите врз Израел загинаа најмалку 300 луѓе, а повеќе од 1.800 беа повредени.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денеска соопштија дека целта им е да ја преземат контролата врз целиот Појас Газа и да ги убијат сите терористи на нивна територија.

„Она што не преокупира во моментов е стабилизирање на контролата во Појасот Газа“, изјави портпаролот на ИДФ, Ричард Хехт на брифинг со новинарите, пренесе Си-Ен-Ен.

Тој изјави дека израелската армија има цели во следните 12 часа.

Слични содржини