461
Кабинетот за безбедност на Израел прогласи воена состојба по нападите на палестинската екстремистичка организација Хамас, што овозможува „значајни воени чекори“, објави кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.
Нетанјаху, уште вчера по масовниот напад на Хамас од Појасот Газа, изјави дека Израел е во војна.
Според најновите информации, бројот на загинати во Израел надмина 500, додека во Појасот Газа загинаа 313 Палестинци. Бројот на повредени на двете страни е околу 2.000 луѓе.