Сумлени: Зад нападот на Израел стои Русија (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska
381 прегледи

Сергеј Сумлени, експерт за Источна Европа, смета дека Русија стои зад се:

„Русија очигледно стои зад ова. Ниту еден друг сојузник на Хамас освен Русија нема искуство со користење дронови за фрлање бомби против модерни борбени тенкови. Само Русија би можела да го тренира Хамас за ова“.

Рускиот амбасадор во ОН, Василиј Небензја, за „Асошиејтед прес“ изјави дека за време на состанокот на Советот за безбедност на ОН, Американците се обиделе да ја обвинат Русија дека не го осудува нападот, што, според него, не е точно.

„Ги осудуваме сите напади врз цивили, тоа беше мојот коментар“, рече Небензја и нагласи дека пораката на Русија е дека е важно „веднаш да се прекинат борбите, да се оди на прекин на огнот и на сериозни преговори, кои се во застој со децении“.

Една од теориите е дека Русија ја започна војната меѓу Хамас и Израел преку Иран, бидејќи Путин бара фокусна точка за ескалација, за да го префрли вниманието од Украина на Блискиот Исток.