Кога имате затнат нос за време на настинка или вирус, дали ви се чини дека едната ноздра е секогаш позатната од другата? Ако да, во право сте.
Имено, лекарите велат дека причината помалку има врска со механизмите на настинка, а повеќе со анатомијата и функцијата на носот. Затоа е важно да се разбере основната анатомија на носот. Носот има четири пара синуси, „џебови“ исполнети со воздух поврзани со носните шуплини, кои произведуваат слуз потребна за одржување на влажноста на носот.
Исто така, има три пара школки на страните на двете назални шуплини кои се преклопуваат во носот за да го загреат и навлажнуваат воздухот откако ќе го вдишете и да помогнат во празнењето на носот. Во нормални околности, вашиот нос и носните шуплини поминуваат низ нешто што се нарекува назален циклус. Тоа е спонтано наизменично блокирање и деконгестија на секоја ноздра.
Исто така, ова чувство на еднострана блокада може да биде позабележително и кај некој со девијација на септум, што се јавува кога тие се свртени на едната страна. Важна улога може да има и на која страна спие човекот во текот на ноќта. Имено, во внатрешноста на носните школки има големи вени кои можат да се наполнат со крв, особено кога лицето лежи.
Но, доколку имате постојано губење на вкусот и мирисот, промените на видот и болките поради затнатоста на носот, побарајте помош од лекар, пишува N1 Zagreb.