Новинарката на Си-Ен-Ен, Клариса Вард и нејзиниот тим беа под ракетен оган во близина на границата меѓу Израел и Газа.
Откако го слушнале пукањето, новинарската екипа се засолнила во блискиот ендек, пишува Си-Ен-Ен.
„Моравме да се засолниме, на пет минути сме од границата со Газа“, изјави меѓународниот дописник на CNN, одговарајќи на телевизиската програма лежејќи на земја.
Il y a quelques instants sur @cnni, @ClarissaWard s'abrite dans un fossé au milieu d'un "barrage massif de roquettes" près de la frontière entre Israël et la bande de Gaza pic.twitter.com/eIgmhLhiKu
— CNN France PR (@CNNFrancePR) October 9, 2023
Претходно денеска, Клариса Вард сними грозоморна репортажа за Си-Ен-Ен од локацијата на која во саботата се одржуваше музички фестивал, кој подоцна стана сцена на масакр на цивили. Да потсетиме, според првите информации, на таа локација, недалеку од границата со Газа се пронајдени 260 тела.
„Дојдовме на оваа локација бидејќи ова беше почетна точка на целата операција. Ова беше првото место каде милитантите на Хамас ја пробија израелската бариера“, рече Вард во директен пренос.