Што прави Путин во позадина на крвопролевањето во Израел?

од Vladimir Zorba
429 прегледи

Според новите проценки, Русија веќе обилно ги користи палестинските напади врз Израел како оружје со кое се обидува да ја намали западната поддршка за Киев и да го оттргне вниманието од војната во Украина, пишува Newsweek.

– Кремљ веќе ја искористува предноста и најверојатно ќе продолжи да ги користи нападите на Хамас во Израел за да унапреди неколку информативни операции насочени кон намалување на американската и западната поддршка за Украина, откри вашингтонскиот институт за проучување на војната (ISW).

Тие во својата последна оценка тврдат дека Кремљ пушти во употреба пропагандна машинерија која колективно ќе го нападне Западот со тезата дека го запоставиле палестинско-израелското прашање за сметка на поддршката на Украина.

Потсетуваме дека во саботата палестинската организација Хамас ги изврши најсмртоносните напади врз Израел во последните неколку години. Израел ги возврати нападите „без ракавици“ и објави дека е „во војна“.

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека Вашингтон ќе му понуди на Израел секаква соодветна помош по ужасните напади и додаде дека САД го осудуваат страшниот напад врз Израел од страна на терористите на Хамас од Газа.

Кремљ шири информации во кои ги обвинува западните земји за запоставување на конфликтот на Блискиот Исток поради војната во Украина, тврди ISW.

По избувнувањето на насилство од големи размери во јужен Израел и Газа, поранешниот руски претседател и актуелен заменик претседател на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медвед, рече дека „САД им помагаат на неонацистите наместо да се фокусираат на изнаоѓање решение за палестинско-израелскиот конфликт“.

Кремљ тврдеше дека инвазијата на Украина е специјална воена операција за денацификација на владата во Киев, но тоа беше отфрлено и од Украина и од меѓународната заедница.

– Што може да ја спречи маничната страст на Америка за поттикнување конфликти низ целата планета?, напиша Медведев на Телеграм.

Ваквите пишувања од Кремљ имаат две цели – тие се насочени кон западната публика која треба да ја намали поддршката за Украина, додека во исто време тие бараат да го деморализираат украинското општество тврдејќи дека Украина ќе ја изгуби меѓународната поддршка.

Истовремено, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху тврди дека Хамас започнал брутална војна, но верува дека Израел ќе излезе како победник и покрај високата цена што ќе ја плати.

Портпаролот на Хамас Калед Кадоми изјави за Ал Џезира дека целта на движењето е меѓународната заедница да ги запре злосторствата во Газа врз палестинскиот народ и неговите свети места. Од друга страна, портпаролот на израелските одбранбени сили Ричард Хехт изјави дека Израел ќе продолжи со акцијата против варварските напади на Хамас во следните неколку дена.

– Ова е нашиот 11 септември. Ќе одговориме многу, многу силно на ова, рече Ричард Хехт, портпарол на израелските одбранбени сили, во видеото што војската го сподели на социјалните мрежи.

Слични содржини