ЕУ ја смени одлуката за „веднаш“ да ја прекине помошта за Палестинците

од Vladimir Zorba
258 прегледи

Европската Унија ја смени најавата на својот еврокомесарот за соседство и проширување Оливер Вархеји дека „веднаш“ ќе биде суспендирана помошта за развој на Палестинците по нападот на Хамас врз Израел.

Наместо тоа, ЕУ дека итно ќе разговара за таа тема.

„Во моментов нема да има прекин на плаќањата“, се вели во соопштението на Европската комисија.

Тоа доаѓа пет часа откако еврокомесарот Оливер Вархеји рече дека сите плаќања од програмата за развој за Палестинците „веднаш ќе бидат суспендирани“.

Засега не е дадено објаснување за пресвртот.

Слични содржини