Портпаролот на израелската армија Даниел Хагри денеска изјави дека армијата е во состојба целосно да ја контролира должината на граничниот појас со Појасот Газа.
„Ниту еден милитант не може да премине во Израел“, додаде Хагри, не наведувајќи дали се уште има милитанти во Израел или не, пренесува арапскиот ТВ канал Ал Хадат.
Авиони на израелското воздухопловство бомбардираа 130 цели на движењето Хамас во појасот Газа во последните три часа. Портпаролот на палестинската Црвена полумесечин,а Мухамед Абу Мусабих изјави за Ал Арабија дека во моментов нема безбедни места во Газа, додавајќи дека секторот од север кон југ е под континуирано гранатирање.
„Тајмс оф Израел“ цитираше висок израелски функционер дека војната во Газа „ќе продолжи со денови или недели, можеби и подолго“.
„Нападите врз Газа ќе бидат извршени со максимална сила и во најголем обем, дури и ако тоа е на штета на израелските граѓани кои се затворени таму“, додаде тој.