Оваа година за прв пат се појави вест дека се подготвува документарен филм за семејството Кардашијан.
Беше најавено дека во него Кејтлин Џенер ќе ги открие сите тајни на познатото семејство, а многумина со нетрпение го очекуваа тоа. Првата епизода конечно излезе.
Документарецот наречен „House of Kardashian“ го опфаќа кланот Кардашијан-Џенер од очите на поранешниот сопруг на Крис Џенер, Кејтлин и долгогодишниот семеен пријател Џо Френсис.
Најпознатото семејство во Холивуд
House of Kardashian се емитува на каналот Sky и на стриминг платформата Now. Документарецот има три епизоди кои навлегуваат во наследството на Крис Џенер и нејзините ќерки. Кортни, Ким, Клои, Кендал и Кајли како и синот на Роберт Кардашијан. Сепак, никој од нив не учествуваше во документарецот, а најпознатата личност која се појавува секако е Кејтлин Џенер.
Активистката за транс права, пред да се подложи на родова транзиција, Кејтлин беше во брак со Крис со која има две ќерки, Кендал и Кајли. Во трејлерот кој беше објавен ова лето, Кејтлин тврди дека Ким од самиот почеток пресметала како да стане позната. Исто така, вели дека нејзината озлогласена секс снимка е внимателно дизајнирана ПР стратегија.
Со нивните реални шоуа Keeping up with the Kardashians и The Kardashians, тие се едно од најпознатите и медиумски најекспонирани семејства во светот. Мислењата за нив често ја поларизираат јавноста. Но, без разлика дали мислите дека тие се пример за династија на силни жени кои ги зајакнуваат девојките ширум светот или површни, неталентирани познати личности кои ги продаваат своите животи, Кардашијан се едни од највлијателните луѓе во Холивуд во моментов.
Сите оние кои ги следат животите и драмите на ова семејство знаат дека нивната врска со Кејтлин е доста нарушена. Многумина го осудија нејзиното учество во документарецот како очајнички обид да се искористи славата на Кардашијан за да остане релевантна.
Интервјуа со тесен круг на луѓе
Со оглед на тоа дека Кардашијан 20 години ја пуштаат јавноста во нивните животи, можеби се прашувате што може да се открие за нив, а ние веќе да не знаеме. Продуцентите на документарецот најавуваат интервјуа со блискиот круг што го опкружува семејството и откривање на лични мотиви како и како Кардашијан ја промениле културата која им овозможува да влијаат на жените ширум светот.
Секоја од трите епизоди следи различна личност. Првата го следи подемот на Крис Џенер од обична стјуардеса во „мамаџерка“ како што ја нарекуваат денес. Втората и третата ги следат Ким и Кајли како две различни епохи на Кардашијан. Првиот сопруг на Крис Џенер и татко на нивните четири деца, Роберт Кардашијан беше адвокат познат како бранител на О.Џ. Симпсон.
Во филмот е документирана ерата на неговото судење, а втората епизода веќе се занимава со раните 2000-ти, секс снимките на Ким и почетокот на нивната реалити империја. Се зборува и за двата многу јавни брака што ги имаше Ким. Еден со кошаркарот Крис Хемфрис, познат по тоа што траеше само 72 часа, а подолгиот со раперот Канје Вест, со кој Ким има четири деца.
Попатно се зборува и за зголеменото влијание на социјалните мрежи, движењето #MeToo, невозможните стандарди за убавина, па дури и филтрите на Инстаграм.