Високиот палестински функционер Хусеин ал-Шеик во вторникот изјави дека Израел одбил да дозволи влез на храна и медицински материјали во Појасот Газа и ја повика меѓународната заедница „итно да интервенира за да се запре агресијата и да се дозволи влез на хуманитарни материјали и да се врати електричната енергија и вода, бидејќи Појасот Газа се соочува со голема хуманитарна катастрофа“.
Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант вчера нареди „целосна опсада“ на Појасот Газа, вклучително и стопирање на снабдувањето со електрична енергија, храна и гориво.
Два копнени премини од Израел до Појасот Газа се затворени откако Хамас го започна својот смртоносен напад врз израелските заедници во саботата, а поголемиот премин Ерез беше целосно уништен од палестинските милитанти.
Преминот Рафа во Израел беше отворен до утрово. Во раните попладневни часови, израелската ИАФ го бомбардираше и принуди да се затвори. Египетските камиони кои превезуваа гориво и стока беа принудени да се вратат назад, објавија израелските медиуми.
Израелската војска соопшти дека погодила подземен тунел за шверц на оружје и опрема во областа Рафах, но не потврди ниту негираше дека го погодила самиот премин.