По серијата беспрекорни изданија во духот на популарната естетика на тивкиот луксуз на новото издание на Invictus Games во Германија, 42-годишната Меган Маркл, кога е модата во прашање, не остави ништо на случајноста во Њујорк.
На панел дискусијата во рамки на одбележувањето на Светскиот ден на менталното здравје, таа плени со елеганција во комплет од слонова коска со потписот на брендот Altuzarra.
Посебно интересен беше неговиот горен дел – сако со отворени раменици, кој дополнително го истакна со фризура со пунџа и го збогати со пристоен, златен накит.
Со широко, плисирано деколте и две копчиња надолу, буди спомени од белиот фустан на Луј Витон што војвотката го носеше минатата година на гала настанот Ripple of Hope.
Широките ногавици на панталоните го открија веќе видениот модел ‘Purist 105’ понуден од брендот Aquazzura, со кој Меган често ги заокружува своите пософистицирани изданија.