Оваа жена е најголемиот херој на Израел: Земала оружје и го спасила целиот кибуц од масакр (ФОТО)

од Nikola Popovski
373 прегледи

Израелката Инбар Либерман е поздравена како херој откако го спасила кибуцот Нир Ам од терористите на Хамас.

Храбрата 25-годишна девојка, кој е дел од израелските безбедносни сили од декември 2022 година, слушнала како одекнуваат експлозии во саботата наутро додека Хамас започнал смртоносен напад врз Израел. Набрзо сфатила дека звуците на експлозијата се различни од оние што ги слушала при вообичаените ракетни напади на кибуцот и оружјето го поделила на својот тим, кој се состои од 12 членови, пишува „Дејли мејл“.

-Таа сама убила пет терористи, додека другите членови на нејзиниот тим убиле уште 20 напаѓачи во период од четири часа. Нир Ам беше претворен во непробојна тврдина. Кога започна нападот, на жителите на Нир Ам им беше кажано да чекаат, пишува британскиот весник.

„Кога сè ќе заврши, оваа жена ќе ја добие наградата на Израел. Приказната за нејзиното херојство е приказна што ќе се пишува во израелското учење со генерации. Инбар е причината поради која има еден кибуц во целата област што остана неповреден“, стои во објавата на социјалните мрежи за херојството на Либерман.

Израел објави во вторникот завршување на надградената безбедносна бариера околу Појасот Газа дизајнирана да спречи инфилтрација на милитантите.

Бариерата долга 65 километри се состои од радарски системи и мрежа на подземни сензори за откривање на милитантните тунели.

Постоечката ограда беше заменета со „паметна ограда“ висока 6,5 метри со сензори и камери.

Израел досега водел четири војни со Хамас откако исламската милитантна група ја презеде власта во Газа пред речиси 15 години.

Откако Хамас ја презеде власта, Израел и Египет воведоа блокада на Газа што сериозно го ограничи патувањето за два милиони палестински граѓани на територијата и буквално ја задуши економијата.

Слични содржини