Дилер фатен дома со метадон, ваги и 80 илјади денари

од Nikola Popovski
235 прегледи

Денеска (11.10.2023), полициски службеници од СВР Штип, со судска наредба, извршиле претрес во домот и во простории на други две локации во Штип, кои ги користи Б.П.(44) од Штип. При претресот, биле пронајдени и одземени повеќе шишиња со метадон, четири дигитални ваги, околу 80.000 денари и други предмети кои потекнуваат од кривично дело.

Б.П. е лишен од слобода и со него бил извршен службен разговор. За настанот е известен и јавен обвинител по чии насоки Б.П. бил задржан во СВР Штип, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Слични содржини