Годинава бројни блогери и инфлуенсери ја посетија нашата земја, а токму преку соработка со АППТ се овозможи голема промоција на нашите туристички потенцијали.
Така, Роберт Дацешин, еден од инфлуенсерите, воодушен од убавините на нашата земја, со цел живописно да ги долови своите авантури, обиколката на земјата ја започна на најпозната локација, Охрид, познат и како Балкански Ерусалим поради големиот број на цркви и манастири,а воедно претставува и место во кое може најубаво да се почувствува духот на старото време. Охридското Езеро уште во 1980 година е ставен на УНЕСКО листа, како едно од најголемите природни езера во цела Европа. Во Охрид можете да ја пробате можеби најубавата риба којашто можете да ја замислите.
Се осврна на една тажна приказна и добра, голема и чиста душа на оваа земја.
„Тодор Тоше Проески беше македонски пејач кој трагично почина во сообраќајна несреќа 16 октомври 2007 година и рано го напушти својот народ, но и народот од целиот регион. Голема и чиста душа и голем човек, Тоше Проески живееше во сите наши срца, а Македонците го обожаваа и се гордееја со него. Роден во Прилеп, а пораснал во Крушево, уште на 12 години го открил својот талент за музика, за неговите добри дела и заложби најдобро говори наградата „Мајка Тереза“ и станал Амбасадор на УНИЦЕФ. Македонија ја претставуваше на Евросонг, а неговата земја му додели титула „Почесен граѓанин“. Кој сака може да го посети неговиот гроб како и неговата меморијална куќа отворена со цел да се сочува сеќавањето на овој добар човек“, вели Роберт, соопштија од АППТ.
Роберт приказната ја сврте кон Скопје, главниот град сместен на север од Македонија. Поседува голем број објекти од историски значење, голем број цркви и џамии како и тврдина која се издигнува над чаршијата.
„Неговото име е плоштад, каде се наоѓа големата статуа на Александар Македонски и тој, во некоја рака, претставува централно и збирно место на сите луѓе во градот. Она што во Бања Лука се вика „Кај Кривиот саат“, во Загреб „кај Бана“, а во Белград „кај коњот“.
Роберт посетителите ги посоветува во Скопје да поминат два дена, и во мир да го доживеат како што направил и самиот тој.