Јаневски ја напушти функцијата директор на АППТ

од Nikola Popovski
311 прегледи

Директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Љупчо Јаневски денеска сподели со јавноста дека се повлекува од функцијата. Сепак тој не даде конкретни информации за причините поради кои го напушта кормилото во АППТ.

Во објава на социјалните мрежи, Јаневски се заблагодари на туристичкиот сектор, медиумите, партнерите и меѓународните организации за соработката.

-Историските резултати што ги постигнавме во изминатите 5 години говорат за нашата работа. Тоа што го затекнав пред 5 години и бројките што ги оставаме денес во некој следен подолг текст. Каква држава ќе изградиме, во таква држава ќе живееме, нагласи Јаневски.

Јаневски беше назначен за директор на АППТ во 2018 година. Во една негова анализа, на почетокот од раководењето со институцијата, Јаневски порача дека за привлекување поголем број на странски гости, ќе се залага за промоција на еко туризмот, на авантуристичкиот туризам, искористување на примамливи брендови како македонското вино и гастрономијата, како и градење на препознатливи туристички брендови.

Слични содржини