Директорот на Канцеларијата за Косово, Петар Петковиќ, денеска изјави дека премиерот на Косово, Албин Курти, почнал да го подготвува теренот за нов прогон на српскиот народ.
„Денеска Албин Курти со брутална кампања на лаги и дезинформации почна да подготвува терен за нов терор и прогон на српскиот народ на северот на Косово. Сега е јасно дека тој ќе продолжи да користи неодржливи теории на заговор и измислени закани за во наредниот период уште повеќе да ја засили репресијата врз Србите. Во историјата, окупаторите отсекогаш се обидувале да се претстават како заштитници на поробените, меѓутоа, тактиката на Курти ‘да ве окупира за ваше добро’ нема да му помине добро кај српскиот народ на Косово, кој одамна ги видел намерите на Приштина и секојдневно ги чувствуваат на своја кожа последиците од теророт на Курти“, рече тој.
Како што објасни, изворот на сите проблеми на Косово е Курти и неговата полиција, кои сеат страв кај српското население на северот на покраината.