Се уште добивам одредени несогласувања за одредени продукти зошто не се во категоријата на повластена стапка од 5%, туку се со 10%. Секако останувам повласена стапка. Затоа остануваме на фактот дека нема зголемени даноци на возила. Ако ја видите последната одлука која во вторник треба да помине на Влада за оданочување на луксузни возила, рече денеска вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, одговарајќи на новинарски прашања.
Според Битиќи, „ако за општеството е проблем порше каен и БМВ Х5 да добијат поголем данок и тоа ќе го направиме во повластена даночна стапка“.
-Нема никаков проблем, се додека моите граѓани кои говорат за екстремна сиромаштија можат да си го дозволат таквото возило. Поинаку ќе имаат данок тие кои што емитираат повеќе CO2 во нашето опкружување. Не се работи за зголемување за поголемата група на граѓани во државата, рече Битиќи за поголемиот данок за луксузните производи.