Џо Џонас и Софи Тарнер одлучија да излезат во јавноста со заедничка изјава, откако постигнаа договор за заедничко старателство врз нивните деца.
Музичарот и актерката имаат две деца заедно – ќерките Вила (3) и Делфин, која има 15 месеци.
„По продуктивно и успешно посредување, се договоривме децата да поминуваат подеднакво време во нивните домови со љубов, и во Америка и во Велика Британија. Со нетрпение очекуваме да бидеме одлични родители“, се вели во соопштението на поранешната двојка.
Сепак, овој договор што го постигнаа е краткотраен и ќе важи само до 7 јануари. Во врска со ова, двете страни до 23 декември ќе треба да поднесат писмен извештај каде ќе се изјаснат каков е односот меѓу нив двајца во тој момент.
Да потсетиме, Џо Џонас на 5 септември поднесе барање за развод. Како причина тој ги наведе непремостливите разлики. Двојката беше во брак 5 години.