Путин: Ќе продолжиме да ја снабдуваме базата Кант со најсовремено оружје

од Stefanija Kuzmanovska
356 прегледи

Русија ќе продолжи да ја снабдува руската воена база „Кант“ во Киргистан со најсовремено оружје, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин на средбата со киргистанскиот претседател Садир Жапаров во Бишкек по повод 20-годишнината од формирањето на базата.

Путин нагласи дека руските војници во базата работат професионално, целосно посветено, исполнувајќи ги зададените задачи, покажувајќи херојство и соработувајќи со безбедносните структури на Киргистан, пренесе „Спутник“.

Според него, руската воена база „Кант“ значително придонесува за безбедноста во републиката и централноазискиот регион во целина, како и во борбата против заканите како што се тероризмот, екстремизмот, трговијата со дрога и организираниот криминал.

Слични содржини