316
Големите шокови станаа нова норма за светската економија, изјави денеска извршната директорка на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) Кристалина Георгиева на годишниот состанок на ММФ и Светската банка (СБ) во Маракеш.
Таа посочи дека глобалната економија денеска се соочува со се подлабока поларизација, пренесува Ројтерс.
Георгиева порача дека инфлацијата се намалува, но во многу земји се уште е над посакуваното ниво, па високите каматни стапки ќе мора да останат подолго време.