Воени експерти изјавија претходно оваа недела дека фотографиите од земјата покажуваат дека милитантите на Хамас можеби користат севернокорејско оружје
Северна Кореја денеска негираше дека палестинската милитантна група Хамас користела нејзино оружје во нападот врз Израел, велејќи дека тврдењето изнесено во некои медиуми е обид на САД да ја префрлат вината за конфликтот од себе на трета земја.
Севернокорејската новинска агенција КЦНА ги нарече тврдењата дека нејзиното оружје било користено во нападите врз Израел „неосновани и лажни гласини“, пренесува „Ројтерс“.
„Ова не е ништо друго туку обид да се префрли вината за блискоисточната криза предизвикана од погрешната хегемонистичка политика на САД на трета земја и со тоа да се избегне меѓународна критика насочена кон империјалот на злото“, наведува агенцијата.
Воени експерти изјавија претходно оваа недела дека фотографиите од теренот покажуваат дека милитантите на Хамас можеби користат севернокорејско оружје, наведе „Ројтерс“.
Сепак, портпаролот на Советот за национална безбедност на САД, Џон Кирби, рече дека САД не можат да ги потврдат извештаите за потеклото на ракетите кои ги користел Хамас.
Севернокорејските државни медиуми претходно оваа недела го обвинија Израел за предизвикување крвопролевање во Газа.