ДКСК утврди дека Ковачевски не го повредил законот, добил државна помош пред да стане заменик-министер

од Nikola Popovski
207 прегледи

Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) утврдила дека нема повреда на одредбите од член 45 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси што пропишува ограничувања за вршење на дејност за време на вршење на функцијата по обвинението кон премиерот Димитар Ковачевски, дека во својство на заменик минстер за финансии можел да влијае врз постапката на државна помош кон фирмата Пиксел гроуп основана од него и неговиот кум.

Комисијата на денешната 94 седница утврди дека фирмата аплицирала на отворен конкурс со исполнети услови и оти договорот за финансиска помош бил потпишан пред Ковачевски да биде избран за заменик министер за финансии.

Ковачевски се повлекува од сопственичката структура на „Пиксел груп“ кога станува заменик-министер за финансии во владата на СДСМ предводена од Зоран Заев кон крајот на 2020 година, кога од самата компанија соопштија дека тој повеќе „нема никакви удели ниту интереси“.

Кога ВМРО-ДПМНЕ ја отвори темата за компанијата и нејзиното работење во овој период, откако Ковачевски претходно го наследи Заев на лидерската позиција во СДСМ и на премиерската функција, тој изјави дека ги повлекол „своите средства“, но се споменува „продавање на уделите“.

По пат на договори за финансиска поддршка од Владата, „Пиксел Гроуп“ од 30.12.2019 до 30.12.2021 година, добила државна помош во вредност од 27.262.082 денари. Преку проекти од Фондот за иновации и технолошки развој пак, оваа компанија добила 4.804.848 денари во период од 2020 до 2022 година.

Слични содржини