221
И во иднина, кога ВМРО-ДПМНЕ ќе биде Влада и не видиме барем малку некаков асиметричен прогрес, ќе нема уставни измени. Оптимизмот на Ковачевски е политиканство бидејќи на тој начин мисли ќе ги држи мобилизирани малкумината, дека само што не се случиле измените, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за предвидените промени на Уставот и евентуалното внесување на Бугарите во Уставот.
Како што вели Мицкоски, поминаа 15 месеци како повторува дека нема да има уставни измени под бугарски диктат.
-На неколку месеци од кампања остануваме фокусирани на историскиот резултат и очекуваме убедлива двојна победа и да се решаваат потребите на граѓаните. Тоа е примарна цел на ВМРО-ДПМНЕ, рече Мицкоски од Штип.