Почна ХОРОРОТ на северот на Газа: Нападнат конвој палестински цивили, меѓу убиените и деца

од Nikola Popovski
758 прегледи

На северот на Газа се случил напад врз конвој палестински цивили, откако Израел им порача на жителите да ја напуштат областа, а според првите извештаи од петокот вечерта меѓу загинатите има и деца.

Би-Би-Си потврди дека нападот се случил на улицата Салах ал-Дин, една од двете рути за евакуација од северот на Газа кон југ.

Патот бил блокиран цел ден бидејќи жителите на Газа од север го послушале израелското предупредување да ја напуштат областа.

Британскиот јавен сервис вели дека на снимката се гледаат најмалку 12 тела. Главно се работи за жени и деца, меѓу кои има и деца од две до пет години.

Палестинското Министерство за здравство соопшти дека околу 70 луѓе биле убиени на местото на настанот и го обвини Израел за нападот.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) велат дека го истражуваат нападот, но тврдат дека „непријателот се обидувал да ги спречи цивилите да го напуштат северот“.

Би-Би-Си додава дека нападот се случил на една од двете рути за евакуација. Израел им порача на жителите на северниот дел на Појасот Газа, каде живеат повеќе од милион Палестинци, да се евакуираат на југ, пред најавената израелска копнена офанзива.

Денеска Израел соопшти дека им дал на преостанатите цивили уште неколку часа да се евакуираат.

Слични содржини