Лидерот на Хамас, Исмаил Ханије денеска го обвини Израел за воени злосторства и спречување на хуманитарна помош да влезе во Појасот Газа, додека израелските воздушни напади на блокираната палестинска територија продолжуваат.
„Израелските злосторства се граничат со воени злосторства“, ова го напиша Ханије, која живее во егзил во Катар, во писмо до генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, објавено на веб-страницата на таа исламска екстремистичка организација.
Ханије го обвини Израел една недела откако милитантите на Хамас започнаа напади без преседан, гранатираа јужна и централна израелска територија и упаднаа во граничните населби, убивајќи 1.300 луѓе, рани повеќе од 3.300, главно цивили, и зедоа повеќе од 100 заложници во појасот Газа.
Секретарот на Извршниот комитет на Палестинската ослободителна организација (ПЛО), во кој доминира поумерениот Фатах, Хусеин ал Шеик, денеска ја оцени како „воено злосторство“ наредбата на Израел до жителите на северна Газа да се евакуираат пред очекуваната копнена офанзива.
„Палестинското раководство на секој начин ги отфрла обидите на Израел за раселување на граѓаните на Појасот Газа, го смета за воено злосторство и ја повикува меѓународната заедница да интервенира за да се запре оваа геноцидна војна во Појасот Газа“, рекол тој.
Во израелскиот одговор на нападите, повеќе од 2.200 Палестинци во Газа беа убиени, а повеќе од 8.700 беа ранети.
Израел тврди дека лидерите на Хамас во Газа користат цивили како заштита на нивната терористичка мрежа, јавуваат израелските медиуми.