Министерството за надворешни работи информира дека двете наши амбасади во Каиро и Тел Авив, се во постојана комуникација со надлежните институции на Египет и Израел, со цел евакуација на двајцата наши државјани, брачен пар, кој се наоѓа во Газа, поточно во градот Кан Јунес, на 12 километри од граничниот премин Рафах.
Парот е сместен во болница на Црвената полумесечина и во моментот е на безбедно. Со посредство на нашите ДКП-а, ставени се на официјалната листа за евакуација и се чека да бидат создадени услови за нивна евакуација, што во најголема мерка зависи од состојбите на терен, кои во моментот не може да се предвидат.
Во петокот со авион на „Ер Србија“ беа евакуирани 133 патници, главно државјани на Македонија, како и голем број државјани на Србија и Црна Гора. Авионот најпрвин слета во Скопје, а потоа се упати кон Белград.
Трошоците за летот беа на товар на македонската Влада.