Алиев го крена знамето на Азербејџан во Нагорно Карабах

од Nikola Popovski
221 прегледи

Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев учествуваше на церемонијата на подигнување на знамето во Нагорно Карабах, со што се потврди авторитетот на Азербејџан во тој регион, соопштиле денеска од тамошниот претседателски кабинет.

Азербејџанскиот лидер одржал говор и го подигнал знамето над градот, кој во Азербејџан се нарекува Ханкенди, а во Ерменија Степанакерт, се вели во соопштението.

Регионот Карабах, порано Нагорно-Карабах е меѓународно признаен како територија на Азербејџан, но стана отцепена држава контролирана од силите на етничките ерменски сили во 1994 година по завршувањето на шестгодишниот конфликт.

Во војната во 2020 година, Азербејџан ја поврати контролата врз голем дел од областа, сè додека офанзивата минатиот месец не ги принуди сепаратистите да се откажат од остатокот од регионот.

Поголемиот дел од етничкото ерменско население подоцна избега од регионот, плашејќи се од одмазда или губење на слободата да ја практикуваат својата религија и обичаи.

Сепак, ова не е единствениот спор меѓу Азербејџан и Ерменија, бидејќи Баку сака да изгради пат што ќе го пресече јужниот регион на Ерменија и ќе овозможи патниот сообраќај да го заобиколи Иран. Алиев соопшти дека ќе најде начин да го спроведе тој коридор, без разлика дали „Ерменија го сака тоа или не“ и се закани дека ќе го реши прашањето со сила доколку биде потребно.

Слични содржини