Се уште е активен пожарот помеѓу селата Милино и Мамутчево, во реонот на Овче Поле и се уште чади од шумата. До 17 часот во најголем дел изгоре квалитетна борова шума, според првични проценки, на површина од 30 до 40 хектари помеѓу овие две села, засадена пред повеќе од 50 години.
Врз него дејствуваа екипи на МВР со хеликоптер и на Дирекцијата за заштита и спасување кои потоа дојдоа да ја гаснат боровата шума со два авиони „Ер трактор“ и правеа големи напори да ја изгасната шумата и покрај силниот ветер кој непрекинато дуваше и го разгоруваше пожарот.
Попладнево во 15:30 часот е изгаснат пожарот помеѓу селата Мамутчево и Иванковци од страната на Општина Велес.
Поради ветрот што сеуште дува на терен се оставени тројца пожарникари од ТППЕ Велес.