(ВИДЕО) Исфрлени над 62 тони вода, локализирани пожарите во Кондово и Велешко

од Vladimir Zorba
209 прегледи

Над 62 тона исфрли хеликоптерот на Министерството за внатрешни работи со што беа локализирани пожарите во Кондово и Велешко, информираат од МВР.

– Одделот за воздухопловни единици на МВР по добиено барање од Центарот за управување со кризи за гасење на пожар во скопско Кондово, како и пожар во велешко помеѓу селата Иванковци, Мамутчево и Милево, денеска го упати хеликоптерот Бел-412еп и во координирано постапување со пожарникарите од Територијалната противпожарна единица, пожарите се локализирани, стои во соопштението од МВР.

Дополнуваат дека хеликоптерот Бел-412еп врз пожарот во Кондово исфрлил над седум тони вода, а врз пожарот во велешко над 55 тони вода.

Слични содржини