Во Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) за над 80 отсто од јавните постапки се појавува само една компанија. Од 2021 до 2023 година неколку фирми се појавуваат на неколку тендери.
Во неколку договори со економски оператори се појавуваат исти фирми: седум пати една фирма, четири пати друга фирма, два пати трета фирма, а сумите се огромни. Ова го покажала внатрешната ревизија, а, како што рече вечерва министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу, во петок ќе биде достапно и за сите грѓани преку веб страницата на МИОА, каде ќе биде и јавно објавено.
-Имавме интерна анализа на процесите во Министерството за да видиме зошто некои процеси бавно одат или не се завршуваат. Внатрешната ревизија покажа дека над 80 отсто на сите јавни постапки се појавува само една компанија. Од 2021 до 2023 година неколку фирми се појавуваат на неколку тендери. Во неколку договори со економски оператори се појауваат исти фирми, седум пати една фирма, четири пати друга фирма, два пати трета фирма. Овие податоци ќе бидат во петок јавно достапни за сите граѓани на нашата веб страница. Сумите во кои се појавуваат истите компании се големи, огромни, а и истите компании ги имплементираат. Не велам дека има прекршување на процесите. Моја надлежност беше да направиме ревизија на дел од проектите и ќе продолжиме понатаму. На три проекти работи и Државната ревизија. Сакаме да бидеме транспарентни, да имаме отчетност кон граѓаните и да се подобрат интерните процеси во МИОА, рече Алиу во гостувањето на Топ Тема.