Мицкоски: Со една нога сме во уставна криза

од Nikola Popovski
210 прегледи

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вели дека има работна група во Собранието околу Изборниот законик и средба за договорање на датум за избори. Како што вели, постојат два исклучително битни изборни процеси.

Македонија е веќе во уставна криза, со оглед дека ДИК од седум членови, има шест, а од опозицијата се само 2. Веќе сме со една нога во уставна и политичка криза. Ако во најскоро време не се номинира претставник од опозицијата, можно е процесов од самиот почеток да биде предизвикан пред институциите во Македонија, рече денеска од општина Гевгелија.

Според него, нема јасни дати и рокови за избори и како што истакнува, не ги разбира гимнастиките на СДСМ. Посочува дека неговата партија е подготвена за претседателски и парламентарни избори во ист термин.

-Единствената недела каде што можат да се поклопат вториот круг од изборите е 5-ти мај, тој ден е Велигден. Во минаотото сме имале пракса, да и во среда имаме избори и затоа велиме дека е 8 мај каде би можел да се случи втор круг од заеднички избори. Ова е логиката, но повторно оставаме на консензус бидејќи таква била праксата порано, кажа претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Слични содржини