Египет бесен поради притисокот да прифати милион бегалци

од Stefanija Kuzmanovska
248 прегледи

Египет не сака да прими голем број бегалци од Појасот Газа и му се закани на Западот дека ќе ги испрати во европските земји како одговор на западниот притисок, пишува „Фајненшл тајмс“.

Во извештајот се истакнува дека Египет се согласил да испрати помош во Газа, но стравува дека западните земји сè повеќе ќе вршат притисок врз Каиро да дозволи милиони бегалци да влезат на Синајскиот полуостров како резултат на континуираниот израелско-палестински конфликт.

„Сакате ние да земеме милион луѓе? Па, ќе ги испратам во Европа. Толку многу се грижите за човековите права – земате ги вие“, рекол неименуван висок египетски функционер на средба со европски функционер.

Неименуван европски функционер изјави за „Фајненшл тајмс“ дека Египет е „многу лут“ поради притисокот да прифати бегалци.

Египетскиот министер за надворешни работи Самех Шукри вчера истакна дека принудното раселување не е решение за палестинската криза.

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, во неделата, 15 октомври, предупреди дека актуелната криза може да доведе до нов прилив на илегални мигранти во Европа „ако не се управува внимателно со неа“.

Израелската војска нареди милион жители на Газа да се преселат на југ додека подготвува голема копнена офанзива против палестинската милитантна група Хамас, откако групата изврши ракетен напад врз Израел на 7 октомври и Израел возврати со воздушни напади.

Слични содржини