Најмалку 500 луѓе загинаа во израелското гранатирање на болница во Газа

од Vladimir Zorba
178 прегледи

Најмалку 500 луѓе загинаа денеска во воздушен напад на израелските одбранбени сили (ИДФ) врз Арапската болница Ал Ахли во Појасот Газа, јави Ал Џезира.

„Бомбардирањето е несовесно, но го гледаме повторно и повторно“, рече д-р Хусам Абу Сафија од болницата Камал Адван во северна Газа.

Тој истакна дека болничкиот персонал во Газа се обидува да спаси ранети деца и бремени жени.

„Денеска донесени се повеќе од 200 тела во болницата, главно жени и деца. Мора да престанат да пукаат во нас“, рекол докторот.

Палестинската милитантна група Хамас денеска соопшти дека израелскиот напад врз болница во Газа, во кој, според Палестинците, биле убиени најмалку 500 луѓе, е „воено злосторство“.

„Стотици болни и ранети, како и луѓе кои беа насилно раселени од своите домови, се сместени во болницата“, се вели во соопштението, пренесе Би-би-си.

Се вели дека стотици луѓе се уште се под урнатините. Засега израелската армија не потврди дека го извршила нападот на болницата.

Слични содржини