288
Пронајдена рачна бомба од Првата светска војна на територијата на државата, информираа од полицијата.
Вчера, во 11 часот, во ОВР Струга, 70-годишниот Ч. М. од Струга пријавил дека пронашол рачна бомба од Првата светска војна при расчистување стара падната куќа во дворот, извести МВР.
Експлозивната направа била подигната од претставник на Дирекцијата за заштита и спасување Битола за понатамошна постапка.