Фон дер Лејен: Никој нема да може да го одвлече вниманието на ЕУ од помошта за Украина

од Stefanija Kuzmanovska
202 прегледи

Состојбата на Блискиот Исток и потребата од преиспитување на хуманитарните програми за земјите од регионот нема да ја принудат ЕУ да се откаже од помошта за Украина, која европската заедница ќе ја поддржува се додека тоа е неопходно, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен во Брисел.

На прес-конференцијата по виртуелниот самит на ЕУ, посветен на ситуацијата на Блискиот Исток, Фон дер Лeјен синоќа изјави дека „некои се убедени дека можат да ни го одвлечат вниманието од поддршката за Украина и дека ќе бидеме принудени да избереме кому да помогнеме“.

„Ќе им докажеме дека грешат. Ќе стоиме на страната на нашите пријатели се додека е потребно. Важно е дека повеќегодишниот предлог-буџет на ЕУ е веќе разработен, а голема количина помош за Украина веќе се подготвува. Знаеме дека тие се борат за нашите вредности. Ќе стоиме покрај нив се додека тоа е потребно“, нагласи шефот на Европската комисија, пренесува „Укринформ“.

Слични содржини