165
Руската Државна Дума го усвои законот за дератификација на Договорот за сеопфатна забрана на нуклеарни тестови (CTBT), по третото и последно читање.
Со оваа одлука, првиот член од законот со кој се потврдува потписот со кој Русија се приклучи на CTBT, заедно со 186 други земји, беше поништен, наведува РИА.
Москва го ратификуваше CTBT во 2000 година, а како што додава руската новинска агенција, некои земји, вклучувајќи ги САД и Кина, сè уште не го сториле тоа.