461
Семејство завршило на Клиниката за токсикологија откако се затруло со храна, информираат од полицијата.
Според пријавеното, на 17.10.2023 во 12:00 часот во Полициската станица Кисела Вода, од Клиниката за токсикологија при Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека на 15.10.2023 кај нив за укажување лекарска помош биле донесени Ц.С.(79), Ѓ.С.(55) и Д.Ќ.(47), сите од Скопје, затруени од домашна храна која била направена во нивниот семеен дом во Скопје.
Лицата биле задржани за понатамошно лекување.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.