Сè почесто се поставува прашањето дали С.Македонија ќе биде одвоена од пакетот со Албанија на патот кон ЕУ

од Nikola Popovski
262 прегледи

Дали Македонија ќе продолжи во процесот на европска интеграција зависи исклучиво од самата земја и политичките партии во парламентот кои мора да ги прифатат уставните измени, изјави шефот на Делегацијата на Европската унија во земјава, Дејвид Гир како одговор на прашањето дали е можно Македонија и Албанија да се разделат од пакетот на патот кон ЕУ.

По посетата на францускиот претседател Емануел Макрон на Албанија и неговиот изразен став за проширувањето на ЕУ, во земјата се почесто се поставува прашањето дали Македонија и Албанија веројатно ќе бидат разделени на нивниот пат кон ЕУ.

„Како што веќе знаете, во јули 2022 година беше даден европскиот предлог, кој и овозможи на земјата да оди напред. Се разбира, суверена одлука на оваа земја е да ги прифати уставните измени и искрено се надеваме дека ќе успее да продолжи и со уставни измени и со реформи кои се суштински за вашето европско патување. Следните чекори зависат од вас, а не од Советот на ЕУ или од земјите-членки поединечно“, рече Гир.

„Еднаш веќе се одвоивме од Хрватска кога одбивме да носиме одлуки, а истите оние кои тогаш не ги носеа одлуките сега се против донесување одлуки за евроинтеграциите. Да не заборавиме дека предлогот за преговарачка рамка е направен во рамките на француското претседателство“, кажа премиерот Димитар Ковачевски.

Според него, процесот на проширување на ЕУ е веќе започнат и изрази надеж дека тој ќе биде завршен до 2030 година, дека ЕУ ќе се подготви за прием на нови земји членки, а земјите кои ги започнале преговорите за членство со ЕУ ќе ги исполнат нивните обврски.

„А тоа значи дека оние кои побрзо ги исполнуваат обврските, кои ги прават реформите побрзо, први ќе влезат во ЕУ. Се надевам дека Северна Македонија ќе ја задржи лидерската позиција на полето на европската интеграција во регионот и дека нема да се случи другите земји да не претекнат, а ние да останеме во групата со Косово и Босна и Херцеговина. Мислам дека според сите показатели сме на повисоко ниво и заслужуваме да бидеме првата земја што ќе влезе во ЕУ во 2030 година. Повторувам уште еднаш, сега зависи од нас, а не од некој друг“, истакна Ковачевски, кој најави дека претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, ќе ја посети земјава до крајот на овој месец.

„Одговорот на прашањето дали Северна Македонија ќе се отцепи од Албанија на нејзиниот пат кон ЕУ е во рацете на опозицијата. Ако навреме ги направиме измените на Уставот, земјава ќе почне да ги отвора преговарачките поглавја и неповратно ќе влезе во интегративниот процес, користејќи ја ретката можност за отворање на ЕУ поради специфичниот геополитички контекст“, рече министерот за надворешни работи, Бујар Османи на прес-конференција.

Слични содржини