Шефот на македонската Влада, Димитар Ковачевски се согласува со изјавата на министерот Бујар Османи за платите на функционерите.
-Луѓето работат за плата. Има некои што кажуваат дека би работеле без плата и јас во таков човек не верувам. Имам 25-годишно работно искуство и не верувам во такви луѓе, кажа денеска премиерот, одговарајќи на новинарско прашање.
Ковачевски информира дека ќе биде дискутирано кога ќе биде изготвено решението од работната група за намалување на функционерските плати.
-Решението мора да биде прифатено од пратениците и сите избрани функционери кои што се платени со законите, додаде премиерот.
Шефот на македонската дипломатија вчера рече дека живее само од плата која му е важна и според него, не мисли дека е за фалење кога политичарите велат дека не им е битна платата.