Доли Партон веќе 40 години спие нашминкана: Пејачката ја откри причината за тоа

од Stefanija Kuzmanovska
262 прегледи

Познатата пејачка Доли Партон во својата книга „Behind the Seams: My Life Rhinestones“ открила бројни детали за себе, а еден привлече посебно внимание.

Имено, Доли признала дека уште од осумдесетите, кога дошла во Лос Анџелес, спие нашминкана за да е секогаш подготвена да се појави пред камерите.

„Кога дојдов во Лос Анџелес во осумдесеттите, почнав да спијам со шминка. Си помислив – нема да излезам на улица без шминка, во случај да има камери. Сакам да бидам подготвена за излегување“, напишала таа, објави „Дејли експрес“.

Таа, исто така, навела дека „не е важно кога го чистите лицето, сè додека тоа го правите барем еднаш неделно“. Покрај тоа, таа истакнала дека спие нашминкана делумно поради нејзиниот сопруг Карл.

„Не сакам да изгледам како вештерка пред него“, напишала пејачката во својата книга.

Во таа прилика признала и дека сакала да се шминка уште кога била девојче и пораснала во сиромашно семејство во Тенеси.

„Користев кибрит за потемнување на веѓите, а бобинки за усните“, истакнала Доли.

Слични содржини