Седум лица се повредени во Иран по земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала кој ја погодил јужната провинција Фарс, објавија локалните медиуми.
Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 10 километри во близина на Шираз, јавува „Ројтерс“.
Иран претрпе неколку разорни земјотреси во последниве години поради неговата локација на големи раседни линии.