НБ: Во септември годишен раст од 8,9% на вкупните депозити и 5,8% на вкупната кредитна поддршка

од Nikola Popovski
273 прегледи

Анализирано на годишно ниво, вкупните депозити се зголемени за 8,9%, како резултат на зголемувањето на депозитите на двата сектора, со малку поголем придонес на секторот домаќинства, информираат од Народната банка.

Годишниот пораст на кредитите од 5,8% произлегува од повисокото кредитирање на двата сектора, при поизразен придонес на секторот домаќинства.

Најновото соопштение за монетарните движења е достапно на следниот ЛИНК.